Дома Фудбал Англија Мурињо потврди: Погба ќе паузира неколку недели

Мурињо потврди: Погба ќе паузира неколку недели

Манчестер Јунајтед синоќа рутински го совлада Базел во Лигата на шампиони, но го загуби Пол Погба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пол Погба мечот со Базел го започна со капитенската лента на раката, но на теренот остана нецели 20 минути и мораше да биде заменет поради повреда.

„Искуството ми говори дека се работи за повреда на мускулот. Мислам дека неколку недели нема да биде во тимот“, потврди Жозе Мурињо.

Во наредниот период „црвените ѓаволи“ ќе играат против Евертон, Бартон Албион, Саутемптон, ЦСКА Москва и Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рашфорд откри кога ќе биде јасна неговата иднина

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд откри кога ќе донесе одлука во врска со неговата иднина …