Манчестер Јунајтед денес беше поразен на гостувањето против Њукасл (1:0).
После поразот на „Сент Џејмс Парк“ од Рафа Бенитез, Жозе Мурињо не бараше изговори и ги пофали домаќините кои освоија три големи бода во борбата за опстанок
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се бореа како животни. Ова го кажувам со надеж дека ќе го разберат како комплимент. Фудбалските богови беа на нивна страна. Играчите на Њукасл дадоа се од себе. И она што го имаат и она што го немаат. Поради тоа фудбалот е убава работа. Во главата имаа зацртан бод и се бора за него. Ни направивме грешка во одбраната и им дозволивме да стигнат до погодок, а потоа на памет им беше само една работа – да го дадат и животот за да го зачуваат својот гол“, изјави Мурињо по денешниот пораз.