Дома Трансфер зона Мурињо нуди „богатство“ за својот миленик од Челзи

Мурињо нуди „богатство“ за својот миленик од Челзи

Англиските медиуми пренесуваат дека една од главните трансфер цели на Манчестер Јуанјтед во летниот преоден рок ќе биде играчот на Челзи, Вилијан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е колку Мурињо ги цени квалитетите на Вилијан, а и самиот фудбалер е отворен за преселба на „Олд Трафорд“ и сака повторно да соработува со специјалниот.

Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да испртатат понуда од 60 милиони фунти за потписот на Бразилецот.

Манчестер Јунајтед сака да ја искористи „конфузијата“ во редовите на „сините“ кои се уште немаат именувано нов тренер, па останува да видиме како Челзи ќе реагира на ваквата понуда.

Минатото лето „црвените ѓаволи“ го ангажираа Немања Матиќ од Челзи, што се покажа како полн погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…