Дома Фудбал Англија Мурињо најде решение за долгогодишниот проблем на „Ѓаволите“ и го има во рака!

Мурињо најде решение за долгогодишниот проблем на „Ѓаволите“ и го има во рака!

Впечатокот е дека од Патрис Евра, Јунајтед не може да го пронајде вистинскиот играч за левиот бок на одбраната.

Така, во последните два преодни рока клубот од „Олд Трафорд“ често се доведува во врска со фудбалери кои го покриваат тоа место, а според зборовите на Жозе Мурињо, решението е пронајдено веќе во постојаниот ростер.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во прашање е Лук Шо, кој уште во 2014. година стигна во Јунајтед од Саутемптон, но поради повреди пропушти голем број на мечеви и често се зборуваше дека би можел да го напушти Манчестер.

Сепак, во последно време е стандарден одигра 10 дуели во последните два месеци, речиси секојпат на теренот е 90 минути, а Мурињо посебно го радува тоа што ги избегнал помалите повреди и верува дека Шо ќе биде фудбалер на Јунајтед уште долга низа години.

„Веќе неколку месеци нема проблеми со помалите повреди кои можат да му попречат на играчот и сум многу среќен. Мислам дека тој ќе биде уште долго играч на Манчестер Јунајтед“, истакна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…