Раководството на Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал, пренесува „Газета дело Спорт“.
23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот тренер Жозе Мурињо му порачал на раководството дека сака да го заджи Мајорал во тимот за следната сезона.
Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе работи на перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач.
Мајорал веднаш се наметна како добра опција во нападот на „волчицата“ и оваа сезона има постигнато 15 гола и 7 асистенции.