Дома Фудбал Мурињо: Мојот Тотенхем може да биде шампион во повеќе првенства во Европа

Мурињо: Мојот Тотенхем може да биде шампион во повеќе првенства во Европа

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, смета дека најтешко е да се освои титулата во Премиер лигата и дека неговиот тим би имал многу повеќе шанси во некое друго национално првенство.

Тотенхем, по осум одиграни натпревари е на второто место со 17 бода, а лидерот Лестер е со еден бод повеќе.

 „Мојот тим би можел да биде шампион во многу европски првенства, но во Англија најтешко се освојува титулата. Можеш да имаш добра сезона, да освоиш многу поени и да не станеш шампион. Погледнете ги само ривалите: Ливерпул, Сити, Јунајтед, Арсенал, Челзи, Лестер“, изјави Мурињо.

Португалецот знае како се освојува титулата бидејќи три пати ја освои Премиер лигата со Челзи, а Тотенхем е негов трет клуб во таа лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс ја измеша одбраната на Јунајтед и со лоб му донесе водство на Челси!

Морган Роџерс со одлична соло-акција погоди за 1-0 на „Стемфорд Бриџ“, откако Јунајтед ги …