Дома Фудбал Англија Мурињо: Матиќ еден од најдобрите кои сум ги тренирал!

Мурињо: Матиќ еден од најдобрите кои сум ги тренирал!

Жозе Муроњо во својата богата кариера имаше можност да соработува со голем број на фудбалски ѕвезди, но вели дека Немања Матиќ е еден од најдобрите.

Ова сигурно е големо признание за Србинот кој ова лето од Челзи за 45 милиони евра се пресели на „Олд Трафорд“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Не можам да кажам дека сум имал многу подобри играчи од Матиќ во кариерата. Ние двајца имаме нешто што ќе остане помеѓу нас засекогаш, тоа е мечот кога го ставив во 45-та минута, а го извадив во 75-та. Новинарите тогаш сакаа крв, мојата или неговата. Беше многу тажен. Такво нешто имам направено само два пати во кариерата“, изјави Мурињо.

„Следниот ден дојде кај мене и ми рече:’Не сум задоволен, но грешев и знам зошто ме заменивте. Затоа одиме понатаму’. Матиќ секогаш беше еден од „моите момци“, еден од играчите со кои останав близок, иако не соработувавме повеќе. Знам колку е добар човек и колку созреал во меѓувреме“, додаде „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…