Дома Фудбал Англија Мурињо и после дебаклот пронајде што да – пофали

Мурињо и после дебаклот пронајде што да – пофали

mourinho

После убедливиот пораз на Манчестер Јунајтед, сите со нетрпение ја очекуваа реакцијата на Мурињо.

Првата реакција беше видена на самиот терен кога им аплаудираше на дел од навивачите на Јунајтед кои му возвратија со поддршка.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сеапк, се чекаше неговата изјава после натпреварот, а Жозе ги отфрли проценките дека Покетино тактички го победил.

„Работевме напорно, многу напорно во текот на целата недела. Стратешки не бевме поразени, но сепак го изгубивме натпреварот. На полувремето требаше да водиме со 2:0, 3:1 или 3:0, но потоа нешто се случи и се промени текот на натпреварот, тие поведоа со 2:0. Сепак, мојот тим и понатаму беше во игра и мислам дека ситу чуствуваа дека еден наш гол може да промени се. Го чуствуваа тоа и во Тотенхем, но тогаш нивниот трет гол го „уби“ натпреварот“, изјави Мурињо.

Потоа тој го прокоментира аплаузот од навивачите и нагласи тие вечерва го почуствувале единството кое владее во неговата екипа.

„Не читаат сите наши навивачи весници, не гледаат сите телевизија, тие се многу повеќе интелегентни. Одговорија на одличен начин. Не е нормално на домашен терен да изгубиме 3:0, но сите кои го гледаа натпреварот можеа да го видат единството во нашиот тим. Мислам дека тоа е јасно, нашиот тим е единствен. Тим кој не е единствен не се бори вака, не дава се од себе, а без менаџер нема единство“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…