Дома Фудбал Англија Мурињо: Дали сум задоволен со екипата? Го знаете мојот одговор

Мурињо: Дали сум задоволен со екипата? Го знаете мојот одговор

Манчестер Јунајтед вечерва против Тотенхем го игра последниот натпревар од третото коло во англиската ПЛ.

После победата над Лестер и поразот од Брајтон, Јунајтед на Мурињо го пречекува Тотенхем во првиот вистински испит во новата сезона. Победата е императив, но ваков Јунајтед не може веќе да се смета како фаворит дури ни на својот Олд Трафорд.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Добро, и натаму е тоа екипа која треба да биде првак, која има големи ѕвезди и Мурињо на клупата, но како играше во првите две кола тешко може да им се даде епитетот фаворит пред дуелот со Спарси.

Пред овој натпревар, Жозе својот стручен штаб го носеше на вечера, а потоа ги затече новинарите и доби прилика повторно да каже нешто.

„Навивачите беа фантастични на двата натпревари. Не за мене, за играчите. А така треба и да биде. Не сум себичен, во својата кариера никогаш не размислувам за себе и секогаш сум бил за клубот. Тоа сум јас, затоа сум среќен што ги поддржуваат играчите, мене не мора.“

„Фантастично е кога навивачите ги поддржуваат играчите и кога загубите од Брајтон. Тоа играчите треба да го препознаат и да го наградат.“ – изјави Специјалниот.

А на прашањето од новинарите дали е задоволен со екипата која ја има, Португалецот одговори: „Вие најдобро го знаете мојот одговор.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесна објава: Еве што прави Хумелс додека во Рим додека чека да дебитира

Искусниот дефанзивец Матс Хумелс ја засили Рома како слободен играч, но се уште чека на де…