Раководството на Манчестер Јунајтед започнало преговори со голманот на Стоук, Лиј Грант, пренесуваат медиумите на Островот.
Мурињо ги следел настапите на Грант и смета дека ќе биде одлична резерва за Давид де Геа и Серхио Ромеро. Во моментов трет избор е Џоел Переира, но „Специјалниот“ сака да го пушти на позајмица и да донесе еден искусен голман на негово место.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грант минатата сезона започна како прв голман на Стоук, но заработи повреда, а во моментов е дел од англиската репрезентација на Светското првенство.
Од Манчестер Јунајтед веруваат дека Стоук ќе се согласи да го пушти голманот како слободен агент, откако отпадна од Премиер лигата.
?UTD IN FOR STOKE KEEPER?@ManUtd are interested in signing Lee Grant from @stokecity this summer.
Full story ? https://t.co/XQFE2cuIeR pic.twitter.com/gAWOPaJTKt
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) June 28, 2018