Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“ најавува: Еве во кои формации може да игра Барселона следната сезона (ФОТО)

„Мундо Депортиво“ најавува: Еве во кои формации може да игра Барселона следната сезона (ФОТО)

Барселона се уште не направила потег кога е летниот преоден рок во прашање, освен што пред скоро половина година го договорија Френки Де Јонг од Ајакс.

Младиот холандски фудбалер официјално играч на Барселона ќе стане на 1-ви јули кога се очекува да биде претставен на „Камп Ноу“. Меѓутоа сигурно дека тој нема да биде единственото засилување за Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нивниот ривал Реал Мадрид веќе доведе неколку засилувања и сега фудбалскиот свет го чека одговорот на Барселона.

Подолго време со Барселона на големо се поврзуваат Антоан Гризман и Нејмар. Враќањето на Нејмар повеќе не е изгледа така невозможно како до пред неколку недели, додека со Гризман работите не се јасни. Директорот на Атлетико Жил Марин потврди дека Французинот се договорил со Барселона, а од Каталонците и понатаму ги демантираат тие информации.

Медиумите се убедени дека Барселона сака и двајцата да ги види во своите редови. Ако Гризман дојде тогаш сигурно дека Луис Суарез ќе мора полека да се навикнува на седење на клупата за резерви, не би било изненадување и ако си замине.

Доколку го доведат Нејмар, тогаш заминување се очекува на Фелипе Кутињо кој воопшто не ги оправда очекувањата. На излезни врати се уште Иван Ракитиќ и Малком за кого клубот чека понуди.

Медиумите кој е добро запознаен со случувањата во Барселона, „Мундо Депортиво“ сега објави неколку формации како би можела да изгледа Барселона во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…