Денес на Мундијалот во Русија започнува третото коло од групната фаза, а денешниот ден ни носи четири натпревари (по два од две групи) кои ќе се играат во исто време.
Во 20 часот ќе се играат натпреварите во Групата Б каде ситуацијата е многу интересна и три репрезентации се борат за две слободни места за осминафиналето. Единствено нешт сигурно е дека Мароко денес го завршува настапот на Мундијалот, без разлика на исходот од мечот против Шпанија. Меѓутоа другиот меч Иран-Португалија е клучен за крајниот распоред во групата.
Може да одлучува фер-плеј
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалија после два натпревари има четири бода (реми со Шпанија 3:3 и победа против Мароко 1:0). Апсолутна ѕвезда во оваа селекција секако е Кристиано Роналдо кој ги постигна сите четири гола. Тие и Шпанците имаат ист број на бодови и идентична гол-разлика. Кога двете екипи би ги завршиле натпреварите со ист резултат, тогаш за првата или втората позиција ќе одлучува критериумот на фер-плеј, односно жолтите и црвените картони.
Португагалија има предност пред Иран кој во моментов има три бода, па за Роналдо и дружината доволно ќе биде реми во овој меч, додека Иранците ќе мора да победат за да се пласираат во осминафиналето.
Португалецот против своите
Задачата на Иран воопшто не е лесна бидејќи тимот до сега практикуваше стабилна игра во одбрана и контранапади. Избраниците на Карлос Кеирош единствените три бода ги освоија со доста среќа, односно со автоголот на Мароканецот, Азиз Бухадус. Меѓутоа Кеирош добро ги познава своите па ќе треба да измисли нова стратегија против Европскиот шампион.
Португалците се потпираат на фантастичната форма на Роналдо кој ги постигна сите четири гола за репрезентацијата, но доколку Кеираш најде начин да ја неутрализира првата ѕвезда, тогаш Португалија ќе биде во сериозен проблем да ја пробие силната одбрана на Иран.
Според букмејкерите Португалија е голем фаворит во овој меч. Коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 1.67 за реми 3.60 додека за победа на Иран коефициентот е 5.70.
Предлог тип:
Реми на полувреме @2,24 во Coinbet24
Помалку од 2,5 гола @1,59 во Coinbet24