Дома Фудбал Уште една радосна вест за навивачите на Ливерпул: Ван Дајк како Салах!

Уште една радосна вест за навивачите на Ливерпул: Ван Дајк како Салах!

Капитенот на Ливерпул Вирџил ван Дајк денес официјално го продолжи договорот со англискиот гигант до 2027 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Долго време се шпекулираше дали лидерот на тимот од “Енфилд” ќе остане верен на “црвените” по седум и пол години поминати во Ливерпул, а на крајот сè заврши на взаемно задоволство и воодушевување на навивачите.

Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон во 2018 година и со овој тим стана европски шампион и освојувач на англиската Премиер лига.

Холанѓанецот има одиграно над 200 прволигашки натпревари за Ливерпул и 33-годишникот веќе сега има статус на легенда на клубот.

Фото: Liverpool FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…