Дома Фудбал Лига на шампиони Модриќ: Тоа е Реал, не се обидувајте да разберете

Модриќ: Тоа е Реал, не се обидувајте да разберете

Лука Модриќ смета дека не треба да се бара логично објаснување за неверојатниот триумф на Реал Мадрид во Лигата на шампиони и пласманот во полуфинале.

Манчестер Сити синоќа на „Сантиаго Бернабеу“ имаше предност од 1:0 се до 90-та минута, а потоа Реал постигна два гола, го однесе мечот во продолжение и победи со 3:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тоа е Реал Мадрид, не се обидувајте да го разберете“, порача Модриќ на Инстаграм.

„Не би рекол дека сме навикнати да победуваме на овој начин. Тоа што се случи вечерва се случи и против Челзи и Пари Сен Жермен. Ако ме прашувате зошто, можеби причината е историјата на нашиот клуб, која ни помага да продолжиме да се бориме, дури и кога битката се чини изгубена“, изјави Анчелоти по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Жозе Мурињо се враќа на тренерската позиција во Бенфика

“ЖОЗЕ МУРИЊО во Бенфика!” објави познатиот Фабрицио Романо во раните утрински …