Дома Фудбал Останато Модриќ сака да игра за Хрватска, но во Реал не се среќни поради тоа

Модриќ сака да игра за Хрватска, но во Реал не се среќни поради тоа

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, доколку се опорави од повредата на време, ќе биде во тимот на Златко Далиќ за натпреварите против Унгарија и Велс во октомври, без оглед на препораките на Реал Мадрид да ги прескокне тие натпревари.

Како што се шпекулира, нема сомнеж дека Модриќ ќе одговори на обврските за репрезентацијата во претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство. Се очекува Модриќ, кој за Реал не играше уште од 1. септември, но играше за Хрватска во Азербејџан кога се повреди, да се појави на подоготвките на 7. октомври во Сплит.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Реал не се среќни поради тоа што 34-годишниот играч сака да игра, бидејќи сакаат спремен да ги дочека клупските обрски. Модриќ е познат по тоа што никогаш не ги бира натпреварите на Хрватска, без оглед на тоа што е член на најтрофејниот клуб во светот и тоа на 34 годишна возраст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…