Во текот на вчерашниот ден се појави веста за сензационалниот трансфер на Лука Модриќ во редовите на Интер.
Денес добиваме и новости на оваа тема.
Наводно, Лука преку своите агенти веќе побарал да се обидат да издејствуваат трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер се уште не го комплетирал трансферот на Видал и во клубот според некои информации прво сакаат да проверат колку навистина е достапен Модриќ, а доколку забележат позитивни сигнали од Перез и ќе ја стартуваат операцијата.
Да, Модриќ во овие моменти е во Италија, но во прашање е одмор кој завршува во сабота, а тогаш ќе се сретне со Флорентино Перез со кој ќе разговараат за неговата иднина.
Интер се надева дека фудбалерот може да издејствува трансфер и да започне нов предизвик во кариерата, пренесува експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио.
#Inter – #Modric, sarà decisiva la volontà del giocatore: atteso incontro con Florentino ⬇https://t.co/8Ktw8XOIiU
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 1, 2018