Дома Трансфер зона Многу фудбалери се поврзуваат со Манчестер Сити, но се знае првата цел на Гвардиола

Многу фудбалери се поврзуваат со Манчестер Сити, но се знае првата цел на Гвардиола

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола и ова лето ќе има одврзани раце кога станува збор за трансферите.

Откако што ја осови Премиер лигата на многу убедлив начин, Гвардиола дополнително го зацврсти својот статус кај сопствениците на „Граѓаните“ кои ќе бидат спремни да му ја исполнат било која трансфер желба на лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се разбира, многу фудбалери се поврзуваат со „Граѓаните“ во изминативе месеци, но англиските медиуми денеска пренесуваат дека Ријад Марез е првата желба. Потсетуваме, Марез и во текот на јануарскиот трансфер период беше првата желба на Сити, но Лестер во тоа време бараше премногу пари и целата работа не успеа.

Желбата на Марез да го напушти сегашниот клуб е евидентна и тој тоа не го крие, но повторно се поставува прашањето колку пари ќе бараат „Лисиците“ и дали Сити ќе биде во состојба да ги исполни.

Потсетуваме, Марез зад себе повторно има одлична сезона во која на 36 настапи во Премиер лигата постигна 12 гола и запиша 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…