Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Младата Шпанија е вистинска „фурија“, седум гола против Костарика🎥

Младата Шпанија е вистинска „фурија“, седум гола против Костарика🎥

Репрезентацијата на Шпанија ја запиша највисоката победа во историјата на Светските првества, откако ја прегази Костарика со 7:0.

Резултатот го отвори Дани Олимо во 11-та минута со гол, кој сигурно ќе биде во конкуренција за „Гол на Мундијалот“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Гави фантастично го проигра Олмо, кој со пируета се ослободи од чуварот и ја смести топката во голот.

Десет минути подоцна Асенсио со гол ја заврши одличната акција на „црвената фурија“, а во 31-та минута беше досуден пенал кој го гол го претвори Феран Торес.

Во вториот дел Шпанија продолжи со исто темпо, па на самиот старт Феран Торес со својот втор гол зголеми на 4:0. Во 75-та минута во листата на стрелци се запиша и 18-годишниот Гави, кој уште еднаш покажа дека е идната ѕвезда на „црвената фурија“.

Карлос Солер во 89-та минута зголеми на 6:0, а точка на натпреварот стави Алваро Мората во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Алегри веднаш ќе му каже ДА на Милан“

Легендарниот тренер Џовани Галеоне, кој му е ментор и многу близок пријател на Масимилиано…