Критиките на Лионел Меси за управата на Барселона поради однесувањето на клубот при намалувањето на платите за излез од кризата е главна тема не само во Шпанија.
Најдобриот играч, капитен и легенда на Барселона е лут што управата на Барселона јавно ги притискала играчите да ги намалат платите без оглед тоа што тие во интерни преговори им кажале дека тоа ќе го направат сами и со задоволство за да се задржат на работа сите вработени во клубот. Од друга страна после ова изгледа како Барселона да сакала јавноста да ја сврти против играчите.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Л’Екип“ таа ситуација ја искористи за на својата насловна да го спореди Меси со еден од најголемите бунтовници Ернесто Че Гевара. „Лео Меси, Че на Барселона“, пишува под насловната.
