Дома Топ вести Милан ја купува ѕвездата од Премиер лигата

Милан ја купува ѕвездата од Премиер лигата

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Милан во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Италија.

25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Барселона и Ливерпул.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент бидејќи примарна цел на „росонерите“ е засилување на десната крилна позиција.

Медиумите пренесуваат дека Милан спрема понуда од 45 милиони евра и се верува дека тоа ќе ги задоволи финансиските апетити на Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…