Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус и Милан се во преговори за дефанзивецот Мерих Демирал, кој ова лето пристигна во Торино.
Демирал втората полусезона играше во Сасуоло и ги покажа своите квалитети, па Јувентус беше најбрз и за 18 милиони евра го донесе во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец, а најголемата желба на тренерот Џампаоло е токму Демирал.
Со оглед на тоа дека пристигна Матајс де Лихт, а „старата дама“ на располагање ги има уште и Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи и Даниеле Ругани, за младиот Турчин тешко дека ќе има место во тимот.
Меѓутоа, Јувентус сега за потписот на Демирал бара двојно повеќе, односно 35 милиони евра. Двата клуба се во преговори, па можно е 21-годишниот дефанзивец да се пресели на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп.
Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде трета година по ред Милан да купува дефанзивец од редовите на Јувентус. Пред две години пристигна Бонучи, а минатото лето „росонерите“ го донесоа Калдара во трампа токму со Бонучи.
Merih Demiral remains the priority target for Milan. Giampaolo wants a central defender [Sky] pic.twitter.com/otElmMOJBm
— Milan Eye (@MilanEye) July 22, 2019