Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на ПСВ

Милан тргнува по ѕвездата на ПСВ

Италијанскиот гигант Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на ПСВ, Ибрахима Сангаре.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато Сандро Тонали е пред трансфер во Њукасл за 80 милиони евра, па Милан ја почна потрагата по негов наследник.

ПСВ го доведе Сангаре од Тулуз во 2020 година, и изминатата сезона тој запиша 45 меча на кои постигна 8 гола и 6 асистенции.

Тој може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но најдобар е како дефанзивец играч за врска.

Во договорот на 25-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра, а Милан спремил понуда од 30 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…