Дома Топ вести Милан тргнува по напаѓачот на Сити

Милан тргнува по напаѓачот на Сити

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус е голема желба на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде.

Со доаѓањето на Халанд неговата минутажа додатно ќе се намали, па и тој сака да ја промени средината ова лето.

Ситуацијата будно ја следат неколку европски гиганти, а најсилен интерес покажува Милан.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да биде замена за Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…