Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на ПСЖ и француски репрезентативец Хуго Екитике, пренесуваат италијанските медиуми.
ПСЖ минатото лето за 30 милиони евра го доведе Екитике од Ремс, бидејќи напаѓачот важи за еден од најголемите француски таленти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Екитике не може да се избори за голема минутажа во Париз, па е спремен да ја промени средината.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива за Жиру.
„Росонерите“ ќе се обидат да го доведат Екитике на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.