Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе би можел на лето да се пресели во Милано.
28-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но нема да го продолжи договорот бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кимпембе не е задоволен од својот статус во клубот, иако изминатите години беше незаменлив во одбраната на „светците“. Французинот ја одбил понудата за нов договор, па на лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе без обештетување, а многуте Французи во тимот на „росонерите“ можат да одиграат клучна улога Кимпембе да го избере токму Милан.
Сепак, Милан ќе мора да аја победи конкуренцијата бидејќи за Кимпембе интерес покажуваат и клубовите од Премиер лигата.