Наполи минатото лето го донесе Кварацхелија и тоа се покажа како вистински потег, а сега и Милан сака да го повтори тој пример.
Имено, „росонерите“ покажуваат силен интерес за еден од најдобрите фудбалери од руската лига, Едуард Спертсиан.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
22-годишниот Спертсиан игра одлично во дресот на Краснодар и беше избран за најдобар млад фудбалер во Русија.
Крилниот фудбалер на 19 меча оваа сезона постигна 9 гола и запиша 9 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 10 милиони евра за неговиот потпис.