Милан е силно заинтересиран за голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид и сака да го доведе во летниот преоден рок.
Дејвид игра уште една фантастична сезона и моментално се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишниот Канаѓанец оваа сезона има постигнато 17 гола и 4 асистенции, па е мета на многу клубови ширум Европа.
„Росонерите“ не се задоволни од Ориги, Ибра ја игра последната сезоната, па сакаат да доведат млад и квалитетн напаѓач.
Првото име на списокот на Малдини е Дејвид, па италијанскиот клуб веќе работи на трансферот и е спремен да понуди 50 милиони евра.