„Газета дело Спорт“ пренесува дека приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж.




Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Де Брујн“.




Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со Бриж, кој за неговата слобода бара 40 милиони евра.




„Росонерите“ веќе имаат договор со Бегиецот, кој треба да биде новата „десетка“, а сакаат да го комплетираат трансферот за 30 милиони евра.