Дома Трансфер зона Милан се засилува со ѕвездата на Порто – бесплатно!

Милан се засилува со ѕвездата на Порто – бесплатно!

Италијанските гигант Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Отавио.

Бразилецот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе одби да го продолжи договорот со Порто.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Скај Италија“ пренесува дека Милан веќе стапил во конаткт со неговиот агент и испратил понуда за четиригодишен договор тежок 1,5 милиони евра по сезона.

Весникот „А Бола“ тврди дека големи се шансите Отавио на лето да се пресели во Серија А, каде покрај Милан интерес за играчот покажуваат уште Рома и Јувентус.

Сепак, весникот тврди дека Милан е фаворит за неговиот потпис и е во напредни преговори со агентот на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…