Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.




26-годишниот играч за врска влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Поради тоа неколку европски гиганти се заинтересирани за Толисо, а последен во трката за вклучи и Милан.
„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска и првата желба е Ренато Санчез од Лил, додека Толисо се споменува како алтернатива.




За него интерес покажаа неколку европски гиганти меѓу кои Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Тотенхем, но Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ја победи конкуренцијата.