Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со Челзи за тројца фудбалери на лондонскиот клуб.
Како што е познато од поодамна „росонерите“ имаат договор со Оливие Жиру и сакаат да го донесат напаѓачот на „Сан Сиро“ како алтернатива за Ибрахимовиќ.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Најновата мета на Милан е Хаким Зијех во кого гледаат идеална замена за Чалханоглу. Мароканецот минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување, но со Тухел не добива шанса.
Зијех е спремен да се пресели во Милано, а двата клуба ги започнаа преговорите за негов трансфер.
Милан и Челзи имаат исклучително добри односи, па во преговорите ќе биде вклучен и Бакајоко, кој се врати од позајмица од Наполи и за кого нема место на „Стенфорд Бриџ“.
Милан сака да ги донесе тројцата фудбалери во „пакет“ и тоа пред почетокот на подготовките за новата сезона кои почнуваат на 8 јули.
AC Milan are eyeing up signing Chelsea trio, Olivier Giroud, Hakim Ziyech and Tiemoue Bakayoko. pic.twitter.com/kSVQbDAEVy
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 23, 2021