Дома Топ вести Милан повторно тргнува по Зијех во јануари

Милан повторно тргнува по Зијех во јануари

Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и повторно ќе се обиде во јануари.

Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.

„Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок.

Милан ќе се ослободи од Кастиљехо, кој не влегува во плановите на Пиоли, па прва желба е токму Зијех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…