Дома Топ вести Милан и Јувентус ја сакаат ѕвездата на Наполи

Милан и Јувентус ја сакаат ѕвездата на Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се силно заинтересирани за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Фабиан Руиз влезе во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

За него интерес покажуваат Арсенал и Манчестер Сити, но сега во трката се приклучија и италијанските гиганти.

Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен играч за врска и се спремни да понудат 30 милиони евра за Шпанецот.

Сепак, Наполи преферира да ја продаде својата ѕвезда на клуб надвор од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосем…