Дома Топ вести Милан и Јувентус спремаат нова спектакуларна трампа

Милан и Јувентус спремаат нова спектакуларна трампа

Минатиот летен преоден рок во Италија го одбележа неверојатната трампа помеѓу Милан и Јувентус во која беа вклучени тројца фудбалери.

Милан и Јувентус иако се големи ривали традиционално имаат добра соработка, а тоа се покажа и минатото лето кога двата клуба се договорија за трампа во која беа вклучени Бонучи, Калдара и Игуаин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба повторно на лето спремаат интересна трампа според која во Јувентус ќе заврши Андре Силва, а на „Сиро Сиро“ ќе се пресели Даглас Коста.

Андре Силва моментално е на позајмица во Севиља која има можност да го откупи на крајот на сезоната за 39 милиони евра. Сепак, последните информации кои доаѓаат од Шпанија говорат дека клубот има финансиски проблеми па најверојатно нема да го откупи Португалецот.

Интерес за 23-годишниот напаѓач покажува Барселона и некои клубови од Премиер лигата, но Милан сака да го искористи за да дојде до потписот на Даглас Коста.

Јувентус е во потрага по централен напаѓач, а Кристиано Роналдо инсистира да биде доведен неговиот сонародник Андре Сила, со кого одлично се согласува во репрезентацијата.

Двајцата фудбалери имаат ист менаџер, Жорге Медеш, кој веќе разговарал со раководството на „старата дама“ за трансферот.

Милан за возврат го бара потписот на Даглас Коста кој е на излезна врата од Јувентус, па двете страни наскоро би требало да седнат на преговарачка маса за да ја договорат размената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…