Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се заинтересирани за Санти Казорла и сакаат да го донесат во зимскиот преоден рок.
Плејмејкерот на Арсенал наредното лето ќе биде слободен играч и најверојатно без обештетување ќе го напушти „Емирати“, па тоа е најголемата причина поради која го следат италијанските гиганти.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Поради тоа големи се шансите Казорла да го го напушти Арсенал уште во јануарскиот преоден рок, па таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Јувентус.
Двата клуба се во потрага по квалитетен играч за врска и во Казорла гледаат идеална прилика да го засилат тимот без да трошат големи пари.