Дома Трансфер зона Милан и Јуве во битка за ѕвездата на Бенфика!

Милан и Јуве во битка за ѕвездата на Бенфика!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Милан се приклучиле во битката за потписот на играчот на Бенфика, Алехандро Грималдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Грималдо оваа сезона игра одлично во дресот на лисабонскиот клуб и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Сити, Јунајтед, Баерн Минхен, а сега во трката за неговиот потпис се вклучуваат Милан и Јувентус.

Грималдо подеднакво добро игра како лево крило и како лев бек, поникна во школата на Барселона, а „експлодира“ оваа сезона во дресот на Бенфика.

Сепак, Бефика не сака така лесно да се откаже од својот бисер, а во неговиот договор има откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра, сума која никој од споменатите клубови не е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…