Лукас Пакета оваа зима беше на излезни врати од Милан, но на крајот остана на „Сан Сиро“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Младиот бразилски фудбалер во Милан пристигна од Фламенго, „росонерите“ за него платија скоро 40 милиони евра и очекуваа многу од него.
Италијанските медиуми сега пишуваат дека Бразилецот сигурно ќе си замине на лето. Клубот кој засега покажал најголем интерес за Пакета наводно е Фиорентина, која веќе започнала преговори за трансферот.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на дефанзивецот Никола Миленковиќ.
Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, го привлече вниманието на многу европски гиганти и неговата цена во моментов се движи околу 40 милиони евра.