Дома Трансфер зона Милан и Севиља спремаат трампа, Папу Гомез се враќа во Серија А

Милан и Севиља спремаат трампа, Папу Гомез се враќа во Серија А

Милан покажува сериозен интерес за офанзивниот играч на Севиља, Папу Гомез, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


33-годишниот Аргентинец блескаше во Серија А во дресот на Аталанта, а во јануари се пресели во Севиља откако влезе во конфликт со тренерот Гасперини.

Милан бара засилување на позицијата десно крило и верува дека Гомез би бил идеално решение поради неговото искуство.

Италијанските медиуми пренесуваат дека може да дојде до трампа помеѓу двата клуба бидејќи Севиља покажува сериозен интерес за Кастиљехо.

Милан е спремен да го испрати Шпанецот во Севиља и за возврат да го добие потписот на Папу Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…