Дома Трансфер зона Милан и ПСЖ спремаат голема трампа

Милан и ПСЖ спремаат голема трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и ПСЖ започнале преговори за интересна трампа, која треба да се комплетира кога ќе се отвори летниот преоден рок.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се обидува да го донесе во Париз својот сонародник Лукас Пакета. Бразилецот во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за Росонерите покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, оваа сезона не се вклопува во формацијата на Пиоли, па често ја грее клупата за резерви и самиот сака да ја промени средината.

Милан за неговата слобода бара 30 милиони евра, а ПСЖ на „росонерите“ им  нуди трампа. Италијанскиот клуб е заинтересиран за играчот за врска Леандро Паредес, па двата клуба би требало наскоро да ја комплетираат трампата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…