Дома Топ вести Милан и Барса се борат за младата ѕвезда на Астон Вила 🎥

Милан и Барса се борат за младата ѕвезда на Астон Вила 🎥

Милан и Барселона се силно заинтересирани за 18-годишниот талент на Астон Вила, Карни Чуквуемека.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за млад англиски репрезнетативец со нигериско потекло, кој важи за најголем талент на Островот во моментов.

Астон Вила сака да го задржи, но Чуквуемека влезе во последната година од договорот и нема намера да го продолжи, бидејќи има понуди од многу европски гиганти.

Тој е офанзивен играч за врска и експертите го споредуваат со Џуд Белингам, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Барселона.

„Росонерите“ веќе започнале преговори и испратиле понуда од 10 милиони евра, додека Астон Вила во моментов бара 15 милиони за неговата слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…