Дома Трансфер зона Милан започна преговори со Габриел Жесус

Милан започна преговори со Габриел Жесус

Милан е на чекор од освојување на Скудетото, а „росонерите“ веќе работат на засилувања за следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно ќе се пензионира.

Една од желбите е Габриел Жесус, кој има договор со Манчестер Сити до 2023 година, но е спремен ова лето да ја промени средината.

„Калчомеркато“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.

Вистината на трансферот би требало да изнесува околу 40 милиони евра, што нема да биде проблем за „росонерите“, но треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Бразилецот интерес покажува и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…