Дома Фудбал Италија Милан е нов лидер во Серија А🎥

Милан е нов лидер во Серија А🎥

Фудбалерите на Милан лесно дојдоа до победа против Сампдорија на „Сан Сиро“ (1:0) и се искачија на врвот на табелата.

„Росонерите“ го искористија ремито помеѓу Наполи и Интер и со победа над Самдорија се искачија на врвот во Серија А, но со натпревар повеќе од „нероаѕурите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клучниот момент се случи уште во 8-та минута, кога Рафаел Леао на асистенција на голманот Мањан постигна фантастичен гол.

Милан до крајот на полувремето создаде уште неколку шанси, но не успеа да постигне уште еден гол.

Во вториот дел „росонерите“ комплетно го контролираа мечот, создадоа многу шанси, но на крајот мечот заврши 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета „пукна“ по поразот од Гвардиола, па носи „ѕвер“ од 185 милиони евра

Арсенал неодамна го загуби финалето на Карабао купот од Манчестер Сити и остана без тој тр…