Дома Трансфер зона Милан донесе одлука, го откупува Брахим Дијаз

Милан донесе одлука, го откупува Брахим Дијаз

Милан во летниот преоден рок постигна договор со Реал Мадрид за двегодишна позајмица на Брахим Дијаз, но веќе донел одлука да го откупи.

Милан за позајмицата плати 3 милиони евра, но на крајот на позајмицата ќе има право да го откупи за додатни 20 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи уште на крајот на оваа сезона.

Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула и во следните две години ќе може да го врати Шпанецот за 30 милиони евра.

Брахим Дијаз е задоволен на Сан Сиро и дал согласност да остане и ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…