Дома Трансфер зона Милан договори полски репрезентативец

Милан договори полски репрезентативец

Дефанзивецот на Специја, Јакуб Кифор ќе ја продолжи кариерата во Милан, пренесуваат полските медиуми.

Медиумот открива дека Милан ја победил конкуренцијата и постигнал договор со дефанзивецот, само нема информација дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А и покажа дека е огромен потенцијал.

Тој го привлече вниманието на многу европски клубови, а силен интерес за него покажуваат уште Јувентус, Рома, Вест Хем и Лестер.

Меѓутоа, Милан реагираше брзо и постигнал договор со Специја, а ги договорил и личните услови со агентот на полскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …