Дома Трансфер зона Милан го сака, а Имобиле НЕ негира: Агентот си ја врши работата!

Милан го сака, а Имобиле НЕ негира: Агентот си ја врши работата!

Познато е дека приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Италијанските медиуими овие денови лецитираат со многу имиња, а едно од нив е и Чиро Имобиле, кој оваа сезона беше прв стрелец во Серија А со 29 постигнати гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имобиле беше запрашан да го прокоментира интересот на „росонерите“, а тој додатно ги „запали“ шпекулациите.

„Трансфер прозорецот оваа година се затвора порано, но во исто време, не морам да повторувам дека во Лацио ми е добро. Не можам да коментирам за какви било гласини, но тие се нормални бидејќи постигнав толку многу голови“.

„Јас сум мирен и мојот агент си ја врши работата. Ќе отидам на собирот на репрезентацијата, ќе го видам Роберто Манчини и потоа одам на одмор“, изјави Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …