Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Милан, Андре Силва е блиску до трансфер во Монако.
22-годишниот португалски репрезентативец минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ за 36 милиони евра од Порто, но не успеа да се адаптира во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силен интерес за него покажува и Вулверхемптон, но Андре Силва преферира да се пресели во Монако.
Тимот од „кнежевството“ веќе испратил понуда од 32 милиони евра за Португалецот, но „росонерите“ сакаат во трансферот да го вклучат и Радамел Фалкао.
Имено, Милан побарал да го добие искусниот Колумбиец на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, а Фалкао веќе дал зелено светло за трансферот.