Дома Топ вести Милан го договори седмото и најголемо засилување

Милан го договори седмото и најголемо засилување

Милан ова лето е исклучително активен на трансфер пазарот, па „росонерите“ денес го договорија седмото засилување за новата сезона.

Станува збор за ѕвездата на Виљареал и нигериски репрезентативец Самуел Чуквуезе, кој доаѓа во Милан за 28 милиони евра.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Денес двата клуба ги договорија последните детали и се очекува утре Чуквуезе да пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Нигериецот веќе има договор со „росонерите“ и ќе потпише 5-годишен договор тежок 4 милиони евра по сезона.

23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …