Дома Трансфер зона Милан во пол-позиција за ѕвездата на Лион

Милан во пол-позиција за ѕвездата на Лион

Раководството на Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.

Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе од јануари може да преговара со заинтересираните клубови.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и француските медиуми пренесуваат дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис.

Самиот Ауар преферира преселба на „Сан Сиро“ и е спремен да ги одбие сите други понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…