Аргентинската ѕвезда Лионел Меси откри колку му било тешко да ја напушти Барселона во летото 2021 година.
Во интервју за подкастот „Big Time“, играчот на Интер Мајами потврди дека сака еден ден да се врати во клубот во кој порасна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Промената беше тешка за мене кога отидов во ПСЖ. Се претставив многу добро во Барселона и имав намера да останам таму. Не бев подготвен за овој момент – да заминам, се се случи многу брзо, морав да го обновам мојот живот за еден ден. Морав брзо да запознаам уште едно првенство, друг клуб, нова соблекувална. Тоа беше промена која не ја барав и затоа ми беше тешко на почетокот“, изјави аргентинскиот репрезентативец.
„Ако се чувствувам добро, секогаш ќе се трудам да продолжам да се натпреварувам, бидејќи тоа е она што го сакам и знам да го правам. Не сум размислувал што ќе правам кога ќе се пензионирам. Сега се трудам да уживам во фудбалот од ден на ден, да уживам во моментите и да не размислувам за живот после фудбал“, изјави Меси.