Дома Трансфер зона Меси се тестираше, познато кога се враќа на тренинзи

Меси се тестираше, познато кога се враќа на тренинзи

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси денес помина тест за коронавирус, пренесуваат каталонските медиуми.

Клубот испратил лекарски тим во домот на Аргентинецот. Доколку неговиот резултат е негативен, тогаш утре фудбалерот ќе го одработи првиот тренинг за новата сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меси изрази желба да го напушти каталонскиот клуб, што доведе до неколкудневна сага со неговата иднина, но на крајот управата категорично одби да се раздели со својот капитен, а Ла Лига ја отфрли можноста да ја искористи клаузулата. и да замине како слободен агент, бидејќи оваа можност истече на 10 јуни.

Токму овие несогласувања меѓу двете страни доведоа до ситуација во која тој ги игнорираше тестовите за коронавирус на тимот и ги пропушти првите неколку тренинг сесии.

Каталонските медиуми тврдат дека ситуацијата е решена и Барселона нема да го казни за отсуството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…